Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Пехар за Општинската организација на Црвен крст Пробиштип

2024-06-20

Пехар за Општинската организација на Црвен крст Пробиштип

На 18 јуни 2024 година во Пробиштип во полна кино сала беше организирано доделување на ПХВ пехар за 2024 година. Првото место и пехар им се додели на Црвен крст Пробиштип. Младите од овој град изработиле 6 проекти од кои 5 беа оценети со сонце, односно проекти со трајни промени.

Второто место го делаат Општинската организација на Црвен крст Карпош, Гостивар, Куманово и Охрид кои имаат изработено по 3 проекти кои се оценети со сонце.

На настанот се обрати градоначалникот на Пробиштип г-дин Драган Анастасов како и генералниот секретар на Црвен крст на РСМ г-дин Саит Саити кој заедно со Раководниот одбор даваат поддршка за имплементација на програмата.

Оваа година во програмата беа вклучени 1.090 млади кои изработиле 169 проекти преку кои им помогнале на 4.171 лице.

Честитки за сите вклучени во овогодишниот ПХВ циклус за постигнати резултати на локално, а со тоа и на национално ниво.

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025